Известување на студентите кои го слушале ХТК во учебната 2023/2024 година

Почитувани студенти,

Поради промена на студиската програма по градежништво за прв циклус, за сите Вас кои сте го слушале предметот „Хидротехнички конструкции“ во учебната 2023/2024 година, важат следните поволности:

1. Доколку сте се стекналe со право на потпис, имате право за полагање на ХТК во јунската и есенската сесија во 2025 година (дополнителни 4 рокови надвор од регуларните), без да го презапишете предметот во летниот семестар во учебната 2024/2025 година.

2. Доколку не сте се стекнале со право на потпис, може да го презапишете предметот во летниот семестар во учебната 2024/2025 година и ќе го слушате заедно со колегите од геотехника по чија нова програма, предметот ХТК се слуша во летниот семестар (оваа можност ќе важи само оваа учебна година, од наредната учебна година предметот ќе се презапишува по новата студиска програма во зимскиот семестар).

3. Вториот рок за полагање на испит по ХТК во јануарската (тековна) сесија е на 11ти февруари – како што е објавено во распоредот за полагање на испити на ГФ.

Во прилог може да го најдете официјалното соопштение од предметниот професор – проф. д-р Љупчо Петковски.