Во предметот „Хидројазли“, студентите од втор циклус на студии ќе се запознаат со придружните објекти кај бетонските и насипните брани, нивно позиционирање во рамките на еден сложен хидројазел и димензионирање, со задоволување пред се на хидрауличката и статичката стабилност. Во рамките на предметот, студентите изработуваат програмска задача во која ги применуваат стекнатите теориски знаења. Програмската задача вклучува:
- избор на преградно место за браната;
- димензионирање и позиционирање на органи за евакуација на водите во тек на изведба на браната;
- избор на тип на преливник во зависност од типот на браната, геолошките и топографските услови на теренот;
- димензионирање и позиционирање на преливникот во рамките на хидројазелот;
- димензионирање и позиционирање на испусни органи во или надвор од телото на браната;
- димензионирање на органи за дисипација на енергијата низводно од браната.
За повеќе информации околу организацијата на предметот „Хидројазли“, може да го погледнете прикаченото CV за предметот.
| Р.Б. | Датотека |
|---|---|
| 1 | CV HJ |
| 2 | Skripta_Hidrojazli |
| 3 | План за вежби 2025-2026 година |
