Наставниот кадар во Катедрата при истражувањата, базирани врз нумерички експерименти (во наставната, научната и апликативната дејност) користи изворен и комерцијален професионален софтвер.
Од развојот на сопствениот софтвер се издвојуваат програмите:
- ISOP – за нелинеарна анализа на напрегања и деформации кај насипни брани со метод на конечни елементи
- SINTEZA – за синтеза на водостопански систем со имплицитен стохастички пристап,со методи на маркови синџири (за естимација на протекувања), диференцијално динамичко програмирање (за оптимално управување).
Во применуваниот комерцијален софтвер спаѓаат следниве програмски пакети:
- Geo Studio (Slope/W – за стабилност на косини со метод на гранична рамнотежа и со метод на конечни елементи; Seep/W – филтрација со метод на конечни елементи; CTran/W – за транспорт на загадени материи со метод на конечни елементи; Sigma/W – за напрегања и деформации со метод на конечни елементи; Quake/W – за динамички анализи на геотехнички конструкции со метод на конечни елементи)
- DAMBRK – за моделирање на уривање на брани и нестационарни еднодимензионални струења за пропагација на поплавен бран, со метод на конечни разлики;
- HEC-RAS – за мешовити стационарни струења со стандарден степ метод на енергетска равенка и нестационарни струења;
- HEC RES SIM – за оперативно управување со систем на акумулации со симулационен метод;
- HEC HMS – за хидролошки моделирања
- ARSP – за оперативно управување со систем на акумулации и хидроцентрали со оптимизационен метод (со примена на мрежно линеарно програмирање);
- SOFiSTiK – за рамнинска и просторна конструктивна анализа на конструкции (брани и придружни објекти) со метод на конечни елементи
Вработените во Катедрата биле носители на следните научно-истражувачки проекти, финансирани од Министерството за наука на Република Македонија и од Универзитет „Св. Кирил и Методиј”:
(1) “Нелинеарна рамнинска и просторна анализа на камено-земјени брани”,
главен истражувач проф. д-р ЉубомирТанчев
(2) “Развој на интегриран информационен систем за планирање и користење на водостопански системи со акумулации”,
главен истражувач е проф. д-р Љупчо Петковски
(3) “Примена на валјан бетон при градба на гравитациони брани”,
главен истражувач проф. д-р Трифун Паскалов
(4) „Компаративна анализа на состојбата на напрегања и деформации на камени брани со јадро/дијафрагма при варијација на нивото во акумулацијата“,
главен истражувач проф. д-р Љупчо Петковски
Во рамки на Катедрата се изработени следните докторски дисертации:
(1) “Деформации, напрегања и статичка стабилност на насипните брани со посебна анализа на браните со асфалт-бетонски водонепропустливи тела”, м-р Љубомир Танчев, 1988 год.
(2) “Развој на информационен систем за управување со сложени водостопански системи во услови на неодреденост”, м-р Љупчо Петковски, 1997 год.
(3) “Квалитет во проектниот менаџмент при изградба на насипни брани и брани од валјан бетон”, м-р Валентина Жилеска – Панчовска, 1999 год.
(4) “Статичка анализа на насипните брани “, м-р Станислава Додева, 2002 год.
(5) “Истражување на мерки за намалување на ризикот од ликвифакција предизвикана од силни земјотреси кај хидројаловишта”, м-р Фросина Илиевска, 2013 год.
(6) “Статичка анализа на бетонски брани со моделирање на конструктивните фуги”, м-р Стевчо Митовски, 2015 год.
(7) „Прилог кон континуираниот мониторинг за статусот на подземните води“, м-р Драган Димитриевски, 2017 год.