Бетонски брани – одбрани поглавја

Бетонските брани историски гледано се наследници на ѕиданите брани, а во средината на педесетите години на XX век насипните брани со поевтината цена на чинење и начинот на изведба ги прават бетонските брани помалку атрактивни за инвеститорите и изведувачите на брани низ светот. Инженерите, во обид да ги вратат на сцена бетонските брани, прават напори да ги редуцираат негативните страни на бетонските брани, па во седумдесетите години на XX век, како компромис помеѓу позитивните ефекти од насипните и бетонските брани, почнуваат да се изведуваат брани од сосема нов материјал – валјан бетон. Во предметот „Бетонски брани“ студентите ќе се запознаат детално со историјата на бетонските брани, различните типови на бетонски брани – масивни, контрафорни, лачни, лачно гравитациони, олеснети, брани од валјан бетон – нивните конструктивни елементи, анализа на статичката стабилност, анализа на динамичка стабилност, влијание на температурата врз стабилноста на бетонските брани, услови за изведба, димензионирање на придружните објекти на бетонските брани и слично.

За повеќе информации околу организацијата на предметот „Бетонски брани“, може да го погледнете прикаченото CV во рамките на оваа статија.

 

Р.Б.Датотека
1CV BB