Предметот „Хидротехнички конструкции“ е задолжителен предмет за сите студиски програми на прв циклус на студии при Градежниот факултет. Програмата на предметот предвидува запознавање на студентите со хидротехниката како дисциплина, хидротехничките објекти, класификација на браните, стабилноста кај насипните брани, димензионирање на бетонските брани, основни познавања за придружните објекти на браните и машинските згради на хидроцентралите.
Повеќе информации околу организацијата на предметот „Хидротехнички конструкции“ може да погледнете во приложеното CV на предметот, како и планот за одржување на вежби за тековниот семестар.
Известување за вежби по ХТК за летен семестар, учебна 2021/2022 година
Во период на спроведување на “online” настава, на почетокот на семестарот секој студент кој го запишал предметот Хидротехнички конструкции согласно евиденцијата во iknow-системот ќе добие програмска задача преку е-пошта. Доколку некој од студентите нема добиено услов за програмската задача најдоцна до вториот термин за аудиторни вежби (24.02.2022), потребно е да испрати порака со барање за добивање на услов за програмската задача на следната е-пошта fpanovska@gf.ukim.edu.mk.
Аудиторните вежби и корекциите по групи ќе се изведуваат согласно планот за одржување на вежби по предметот т.е. во термините и групите кои ќе бидат објавени на веб страната на Катедрата (http://khto.gf.ukim.edu.mk/). Корекциите по групи ќе се вршат во виртуелната училна на Zoom, со помош на алатката ‘Breakout rooms’. Изработениот дел од програмските задачи ќе се прегледува и корегира во термините за корекции. Програмската задача се корегира сé додека не добиете потпис на изработениот дел. По добивањето на потпис за одредена програмска задача, датотеката ќе биде именувана со суфикс во насловот “_еSM” или “_еFP”, од еден од предметните асистенти.
Програмската задача на крајот од семестарот потребно е да се предаде електронски на следната е-пошта: fpanovska@gf.ukim.edu.mk. Програмската задача потребно е да биде во интегрална форма или засебни датотеки од секоја задача т.е. да бидат содржани програмските задачи бр. 1, 2 и 3 соодветно, со стекнат потпис од еден од предметните асистенти.
При доставувањето на програмските задачи по е-пошта, а со цел полесно систематизирање и преглед на истите, потребно е да се придржувате кон следната номенклатура на датотеките:
Broj na index_Program reden broj_verzija
На пример: 9888_Program01_ver01
Помошните материјали за програмската задача може да се преземат од веб страната на Катедрата во делот за предмет Хидротехнички конструкции.
Р.Б. | Датотека |
---|---|
1 | CV Hidrotechnicki konstrukcii |
2 | Skripta HTK |
3 | Plan za vezbi HTK 2021/2022 |
4 | Ispitni prasanja HTK |
Во продолжение се приложени работни материјали за програмските задачи по предметот.
Р.Б. | Датотека |
---|---|
1 | Situacija 1:1000 |
2 | Grafik granulometriski sostav, materijali |
3 | Grafiik naogjalista na materijal za filter |
4 | Grafik Hp |
5 | Tabeli za metod na lameli |
6 | Tabeli za betonska brana |