Со избор на предметот „Основи на хидроенергетика“ студентите ќе се запознаат со основните принципи во ползењето на водната енергија за производство на електрична енергија. Енергетското искористување на обновливиот воден ресурс станува од година во година се повеќе актуелно поради зголемувањето на загадувањето во атмосферата од користењето на фосилните горива за производство на електрична енергија. Во услови на постојан недостиг на електрична енергија,  Р. Македонија досега има искористено околу 30% од расположливиот воден потенцијал, а во периодот што следува се очекува интензивирање на изведбата на хидроцентрали со цел максимално искористување на водната енергија.

Повеќе информации за организацијата на предметот „Основи на хидроенергетика“ може да се погледнат во прикаченото CV на предметот.

 

Р.Б.Датотека
1CV_OHE_KHTO
2Skripta_Osnovi na hidroenergetika