Јулското издание на списанието Scientific Journal of Civil Engineering (SJCE) во 2018 година, кое го издава Градежниот факултет при УКИМ во Скопје, е посветено на теми поврзани со инженерството на брани во Македонија и пошироко. Имено, во 2018 година славевме значаен јубилеј – 80 години од изведбата на првата брана во Р Македонија, браната Матка (1938). Воведниот реферат во списанието е посветен токму на јубилејот и е даден краток историски осврт на инженерството на брани во Македонија, како и кус преглед на најзначајните за нас инженери кои цврсто ги поставиле темелите на хидротехничкото инженерство на овие простори. Понатаму, во списанието може да се прочита повеќе и на други теми поврзани со брани и хидротехнички објекти – реферати подготвувани од странски и домашни автори. Доколку сакате повеќе да прочитате на оваа тема, списанието може да го погледнете тука.