Во предметот „Хидројазли“, студентите од втор циклус на студии ќе се запознаат со придружните објекти кај бетонските и насипните брани, нивно позиционирање во рамките на еден сложен хидројазел и димензионирање, со задоволување пред се на хидрауличката и статичката стабилност. Во рамките на предметот, студентите изработуваат програмска задача во која ги применуваат стекнатите теориски знаења. Програмската задача вклучува:

  • избор на преградно место за браната;
  • димензионирање и позиционирање на органи за евакуација на водите во тек на изведба на браната;
  • избор на тип на преливник во зависност од типот на браната, геолошките и топографските услови на теренот;
  • димензионирање и позиционирање на преливникот во рамките на хидројазелот;
  • димензионирање и позиционирање на испусни органи во или надвор од телото на браната;
  • димензионирање на органи за дисипација на енергијата низводно од браната.

За повеќе информации околу организацијата на предметот „Хидројазли“, може да го погледнете прикаченото CV за предметот.

 

Р.Б.Датотека
1CV_Hidrojazli
2Skripta_Hidrojazli