СТИПЕНДИИ за студенти на втор циклус од хидротехничка насока и геотехника, од рудник САСА, за учебната 2021/2022

Рудникот САСА оваа година обезбеди стипендии за четири студенти за постдипломски студии на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје, на студиските програми за хидротехника и геотехничко инженерство.

Информациите и критериумите за добивање стипендии од САСА се објавени на интернет страницата на САСА (sasa.com.mk). Пријавувањето за добивање стипендија може да се направи до 5. октомври 2021 година. При разгледувањето на пристигнатите пријави, САСА ќе им даде посебен фокус на младите луѓе од Македонска Каменица и околните места, како и на оние од социјално ранливите семејства.

Повеќе информации за условите за стипендирање може да погледнете на веб страната на рудникот Саса (линк до статија).