Насипните брани се првиот тип на брани што воопшто се изведувал во светот, а во моментот најстарата насипна брана сеуште во функција се наоѓа во Шпанија – браната Корналво, изградена во II век. Во Македонија изградени се над 110 ниски и високи насипни брани, од регионално и национално значење. Според ICOLD (International Commission on Large Dams), од сите познати брани во светот дури 65% се насипни брани. Во предметот „Насипни брани“ студентите од втор циклус на студии ќе се запознаат со различните типови на насипни брани – земјани, каменонасипни, хидројаловишни брани – нивните конструктивни елементи, основни принципи во дефинирањето на статичката и динамичката стабилност кај насипните брани и др. Студентите во рамките на предметот изработуваат програмска задача со помош на софтверскиот пакет GeoSlope во кој ја анализираат статичката и динамичката стабилност на конкретна каменонасипна брана.

Детални информации околу организацијата на предметот може да погледнете во прикаченото CV.

 

Р.Б.Датотека
1CV_Nasipni brani
2Skripta_Nasipni brani
3Ispitni prasanja_NB