Согласно најновата одлука од страна на Министерството за образование и наука, наставниот процес треба да продолжи во наредниот период и покрај прогласувањето на вонредна состојба во државата. Согласно на тоа, ве известуваме дека предавањата по предметот Хидротехнички конструкции за сите студенти од прв циклус на студии и Хидроенергетски објекти и Економика на водни ресурси за студентите од втор циклус на Градежниот факултет може да се следат online преку апликацијата ZOOM. 

Професорот Љупчо Петковски, во редовниот термин за одржување на предавањата (секој вторник со почеток во 9:00 часот за предмет Хидроенергетски објекти, секој четврток со почеток во 9:00 часот за предметот Хидротехнички конструкции и секој четврток со почеток во 14:00 часот за предметот Економика на водни ресурси), почнувајќи од 24.03.2020 година ќе одржува Online настава за студентите, се до понатамошни напатствија за продолжување со редовна настава.

Линк до апликацијата: https://zoom.us/join

За да се придружите на предавањата, треба да го внесете следниот ID: 435-621-0780

Во следниот линк е поставено и упатство за користење на апликацијата. За нејаснотии во врска со користењето на апликацијата или проблем со пристап до online училницата, обратете се до членовите на Катедрата.

Неколку совети за студентите при вклучување на ZOOM апликацијата:

– Пред да следите одредено предавање, направете пристап (account) на ZOOM со вашите лични е-пошти (e-mail адреси),

– Предавањето кое треба да го следите е овозможено преку внес на единствениот ID број кој ви е испратен за предметите,

– При слушањето на предавањата, исклучете ги тонот и камерата.

Раководител на Катедра за хидротехнички објекти

Проф. д-р Љупчо Петковски